Познатиот музеј беше затворен шест месеци поради пандемијата. Бројот на посетители паднал од 9,6 милиони во 2019 година на 2,7 милиони минатата година.
Три четвртини од посетителите на Лувр доаѓаат од надвор од Европа, претежно од Кина и САД. Уделот на странски посетители драматично опадна минатата година, особено од крајот на февруари до крајот на годината. Музејот беше затворен скоро четири месеци пролетта и уште два од есента.
Лувр, кој се самофинансира во износ од 50 проценти, тврди дека загубата во 2020 година е 90 милиони евра. Приближно половината од таа сума ќе ја покрие државата.
Бидејќи пандемијата во Франција не стивнува, музејот ќе остане затворен до ново известување.
Comments are closed for this post.