„Како што објавивме минатата есен, Меѓународниот филмски фестивал во Кан може да се помести во зависност од здравствената состојба во светот. Така, фестивалот, што првично беше планиран од 11 до 22 мај 2021 година, ќе се одржи од 6 до 17. јули 2021 година “, се вели во соопштението.

Големиот годишен фестивал на седмата уметност не се одржа во мај 2020 година поради пандемијата. Наместо тоа, организаторите одлучиле да објават список со наслови на 56 долгометражни филмови што ќе бидат дел од „официјалните избори во 2020 година“.

Симболичното издание се случи дури есента со прикажување на само четири филма од тој избор.

Кан е повеќе од фестивал, тој е посебно и важно место за прикажување на новите француски и странски филмови и платформи.

Оваа година, првиот голем фестивал според распоредот, Берлиналето, веќе ја откажа својата класична форма: тој е одложен за во март, а натпреварувачкиот дел ќе се одржи онлајн поради пандемијата. Проекциите отворени за јавност, ќе бидат организирани во јуни.