Mакедонија дефинитивно доби уште една музичка ѕвезда. Тоа е Влатко Лозановски, а потврда за тоа е вчерашниот концерт во „Борис Трајковски“.

Одамна во арената немало толку млада публика која со нетрпение чекаше да се појави нивниот миленик. Деца дојдени со своите родители, но и тинејџери кои на глас ги пееја „Јако јако“, Километри, „Камо тебе да те имам“…

Лозано пак на сцената доминираше со својот глас, но делуваше премногу скромно како и него да не му се вервуваше дека успеа да ја наполни арената која досега беше достижна само за неколкумина македонски изведувачи.