Минатиот викенд во русиот град Краснојарск одржано е бизарно натпреварување во шлаканици. Победува оној кој подолго ќе издржи на нозе. Притоа на натпреварувачите не им е дозволено да го блокираат ударот од противникот или да се тргнат од шамарот.

Видео снимка на руската телевизија НТВ прикажа еден таков „дуел“ помеѓу крупен брадест маж и неговиот противник со послаба градба.

Се чини дека брадестиот натпреварувач не го ни почувствува ударот од противникот, за потоа практично да го нокаутира.

Победник е Василиј Камотски кој доби награда од 30.000 рубли, отприлика околу 400 евра.