Европската организација за нуклеарно истражување „ЦЕРН“ е лабарараторија за истражување на елементарни честички основан 1954 во Женева.
Се бави со истражувања од полето во физиката и има најважни инстументи како акцелератори и детектори на честици. Во акцелеторите на ЦЕРН честиците се забрзуваат до брзина на светлината и се усмеруваат на удари.
Со набљудување на ударите со помош на детектори се добиваат податоци за меѓуделуваето на честиците.
Нови сознанија за суштината на универзумот и неговото функционирање ќе даде атомската игротека за деца и изложбата „Истражувањата во ЦЕРН” што денеска е отворена на Академија за науки и уметностите во организација на Природноматематичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) по повод „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија”. Настанот ќе трае до 17 мај и ќе биде отворен за целата јавност.
Comments are closed for this post.