Дорис Деј, популарната артистка од 60-тите години позната по ликот Каламити Џејн, почина денес на 97 години, соопшти нејзината фондација.

Причината за смртта не е соопштена.

Дорис беше американска артистка, пејачка и активистка за заштита на животните. Во кариерата на артистката познати се нејзините улоги како Каламити Џејн од 1953 година, како и во филмот на Алфред Хичкок, „Човекот кој премногу знаеше“, снимен три години подоцна.

Беше и популарна пејачка, која кариерата ја почна во 1939 година, а голема слава стекна со првата снимка „Sentimental Journey“.