На маршот кој го организираше иницијативата која се формираше откако за генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица беше назначен професор по физичка култура, учесниците од надлежните бараат да им обезбедат услови за да бидат подобри од што се сега.

Едно од главните барања на иницијативата е отповикување на одлуката за назначување на професор по физичко за генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Актерот Ванчо Василев непосредно пред започнувањето на маршот посочи дека нивното барање го базираат на тоа што, како што велат, знаат дека не е компетентен за извршување на таква функција.

Пред Владата, културните работници порачаа дека ова не претставува само локален проблем, и дека тие се тука во името на сите кои се запоседнати од, како што рекоа, партиските канџи.