Американската пејачка Кристина Агилера (38) доживеа инцидент на концертот во Русија кога се лизна и падна по скали за време на нејзиното пристигнување на бината.

Кристина имаше концерт во Санкт Петербург, а слегувањето по скалите, кое за среќа, заврши без последици, се појави на друштвените мрежи.

Танчерите на сцената веднаш притрчаа на помош и ја поткренаа пејачката, а таа веднаш застана на нозе и го продолжи концертот како ништо да не се случило.

(Telegraf.rs)