Популарноста на најголемите ѕвезди од спортот, филмот или модниот свет може да се измери според бројот на фанови што секоја од ѕвездите ги има на социјалните мрежи. А, таа популарност на овие познати фаци им носи и огромни финансиски добивки кога ќе се одлучат преку своите профили да промовираат некој производ.

Порталот „Баз Бинго“ направи рангирање на ѕвездите што најмногу заработуваат објавувајќи постови на Инстаграм.

Првото место на оваа листа го држи португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, го наплаќа по 975.000 долари секој промо пост, односно досега заработил 47,8 милиони долари преку објавите на Инстаграм.

По Кристијано Роналдо, следува фудбалерот на Барселона, Лео Меси (23,3 милиони и 648.000 долари по пост), а трета е Кендал Џенер (15,9 милиони и 611.000 долари по пост).

По нив, во десетте џет-сетери со најголема заработка преку Инстаграм следуваат Дејвид Бекам (10,7 милиони и 357.000), Селена Гомез (8 милиони и 886.000), Нејмар (7,2 милиони и 722.000), Златан Ибрахимовиќ (4 милиони и 200.000), Кајли Џенер (3,8 милиони и 1,2 милиони по пост), Роналдињо (2,3 милиони и 237.000) и Клои Кардашијан (1,2 милиони и 598.илјади по пост).