Британската кралица, Елизабета Втора денеска го слави 93от роденден кој годинава се совпаѓа со Велигден, по Грегоријанскиот календар.

Таа присуствуваше на велигденската богослужба во капелата Свети Џорџ, заедно со членовите на кралското семејство, пренесе „АП“.

Денешната прослава е прва од двете со кои секоја година се одбележува кралскиот роденден. Нејзиниот роденден официјално се одбележува во јуни со свечена парада, а ваквата традиција трае над 250 години, потсети „АП“.