Јелена Карлеуша денеска не се појави на судењето во Првиот основен суд во Белград по тужбата од фубалерот Огнен Врањеш за кршење на угледот и честа.

Фудбалерот пристигна во Првиот основен суд во Нов Белград, во придружба на неговиот адвокатски тим. Врањеш поднесе кривична пријава и две тужби против Јелена Карлеуша за нарушување на честа поради порно скандалот.

Адкокатите не Огнен се изненадени што таа не се појави на рочиштето.

Следниот чекор е повик преку полицијата, му предложивме на судијата да издаде налог за принудно приведување.. Судот смета дека е прерано и ќе се обиде да го пренесе повикот преку полициската станица – сметаа адвокатите на Огнен.