Bечерва, со почеток од 21 часот, во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржи концерт на бендот Дактили.
Бендот Дактили е оформен 2018 година во Струмица од страна на Ставре Ангелаков, Столе Велков, и Душко Манушев. Најпрвин започнува да делува како инструментален (авторски) бенд, и како таков настапува низ повеќе локали низ југоистокот на Македонија. Во таа прва етапа од приказната на Дактили е снимено едно парче музика (EP) насловено како “Ventana de Passillo”, кое е всушност снимка од нивниот настап на Лузерфест. Набрзо, пред самиот крај на 2018 година кон составот се приклучува и вокалистот Милан Анастасов. Таа четворка (Ставре, Столе, Душко, Милан) преку цела 2019 година настапува на фестивали (Strumica Open-Fest, Синестетика, Сирова Култура, Д-фест, Слободна Зона, итн…) и го снима првиот студиски албум „Рандом Дестинација“ во студиото Ал-Шар во Скопје. Во почетокот на 2020 година Дактили настапуваат на „Земјотрес“, и го објавуваат албумот како самоиздание на повеќе интернет платформи. Во август 2020 година на тапанарското столче седнува Љубен Маџиров и во тој состав Дактили успеваат да направат концертна промоција на албумот во амфитеатарот во Струмица.
Како што информираа од МКЦ, концертот може да се следи и во живо, но ќе биде пренесуван и преку социјалните мрежи. Настанот е организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително, а задолжително е и седење на позицијата означена на билетот.
Comments are closed for this post.