Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен претежно југозападен ветер.

Утре ќе биде променливо облачно. Од крајот на денот и во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен јужен ветер.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

А еве какво време не очекува до крајот на месецот според прогнозите на „Accu Weather“.