Пожарникарите од Париз се соочија со голема задача во обидот да го спречат пожарот во Нотр Дам. Пламенот уништи непроценливи делови од катедралата, но пожарникарите успеаа да спасат голем дел вредните артефакти.
Исто така, спречија пожарот да ја уништи целата структура, а во таа акција, како помош, искористија робот на далечинско управување наречен Колосус.
Роботот, кој е тежок околу 499 кг е произведен од француска технолошка компанија. За пожарникарите било многу опасно да влезат во катедралата со тешката опрема додека горел кровот и делови паѓале околу нив. Во тоа им помогнал Колосус кој е направен да издржи екстремни услови додека користи црево.
Самиот робот е долг 1,6 метри, широк 0,7 метри и висок 0,7 метри. Водоотпорен е, отпорен на оган и сосема способен да преминува преку препреки и може да носи товар од 544 кг. Добрата вест е дека нема настрадани во овој инцидент, дури и кога 400 пожарникари учествувале во операцијата.
Comments are closed for this post.