Внуката на Јосип Броз Тито,  Саша Броз , на Инстаграм го покажа својот помлад брат Андреј , кој ретко се покажува во јавноста. Фотографијата е по повод неговиот роденден.

Среќен роденден Андреј и запомни дека ја имаш најдобрата сестра на светот! Те сакам – му порача Саша.

За Андреј во јавноста се знае многу малку. Се знае дека дипломирал во Москва и работи како консултант. Саша често на социјалните мрежи  закачува фотографии од нивното детство , каде може да се видат делови од Титовиот приватен живот .