Глумецот Бредли Велш, познат по споредната улога во филмот „Трејнспотинг 2“ убиен е во Единбург. Велш, кој во филмот го играше мафијашот Дојл, убиен е во пукотница која се случила во средата.

Полицијата соопшти дека добила повик синоќа околу 20 часот и дека е пронајден маж со повреди опасни по живот, кој потоа починал на лице место.

Неговата смрт се разгледува како сомнителна и отворена е истрага за убиството“, се наведува во соопштението од полицијата.

Велш се занимавал со бокс, а бил познат и по хуманитарни проекти

Велш, кој се занимавал со бокс, одлежал четири години во затвор заради изнудување пари од неколку агенти за недвижности. Меѓутоа, тој бил познат и по некои хуманитарни проекти, како што е нудење помош на младите да се тргнат од криминалот.