Вонбрачната ќерка на актерот Џеки Чен се ожени за својата девојка , откако тврдеше дека поради својата асексуална ориентација и хомофобните родители , станала бездомник.
Во постот објавен на Инстаграм 19- годишната Ета Нг потврди дека овој месец се оженила за својата партнерка , Канаѓанката Енди Отом и го сподели документот како доказ. Иако Џеки ја призна Ета за ќерка, таа не го смета актерот за свој татко , бидејќи со мајка и бил во куса врска кон крајот на деведесетите. Филмската ѕвезда се уште јавно не го коментирал бракот на ќерка си.
Нема ништо поубаво , отколку кога ќе најдете вистинска љубов , а со љубовта се вративме во мојот Хонг Конг , прекрасен град полн со живот и страст , напиша Ета.
Мајка и на Ета , поранешна Мис на Азија Елеин Нг Ји Леи имала куса афера со 20 години постариот Џеку Чен во 1999 , додека тој бил во брак со тајванската актерка Џоан Лин.
Актерот, чие богатство е проценето на 350 милиони долари, веднаш ја признал ќерката , но никогаш не сакал да востопстави контакт со неа .
Comments are closed for this post.