Српската пејач Ѓорѓе Балашевиќ преживе денеска преживеа срцев удар и е хоспитализиран на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде му се вградени стентови.
– Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен дома, изјавија од Институтот.
Балашевиќ требаше вечерва да настапи во Крагуевац, но е откажан концерт.
– Драги жители на Крагуевац и останатата екипо, кои вечерва требаше да дојдете на концертот… Жал ми е што Ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен, објави ќерката на Балашевиќ, Беба Балашевиќ.
Таа додаде дека „животот понекогаш прави планови без нас и се потпира на нашето разбирање и што друго ни останува… а здравјето е сепак најважно“.
– Ѓоле кажа дека ќе донесе лекарско уверение ако има потреба, а јас се сомневам дека вие некогаш ќе му го побарате, порача Беба Балашевиќ.
Comments are closed for this post.