Најголемите холивудски актери, освен актерството и извонредните улоги што ги извршуваат, се подготвени да направат се што е потребно за да играат добра улога.

Многумина изгубиле  многу тежина, има и такви кои морале да се здебелат и да додадат  тежина, а има и такви кои си ја скратиле косата.  Сето ова не ја заобиколи ниту холивудскиот  актер  Кијан Ривс.

Распоредот на славниот актер во последниве денови е пренатрупан, бидејќи во моментов го снима својот последен филм, Bill & Ted Face the Music.

Кијану Ривс  ја избричи главата за својата нова улога, а забележително е дека има густа брада. На фотографиите се гледа како актерот носи панталони и бела тесна маица.