Душко Тошиќ беше сам на едногодишниот помен на неговиот татко. Сопругата Јелена Карлеуша не беше покрај него што на сите во селото Орловат им станало чудно и се сомневаат дека повторно нивните односи се нарушени.

Душко допатува од Кина специјално за поменот бидејќи бил многу врзан за неговиот татко и му недостасувале мајката и сестрата кои ги гледа се поретко.

Таткото на фудбалерот почина по кратко боледување и секогаш истакнувал дека е горд на синот иако како дете бил принуден да го даде во интернат бидејќи не можел да го плаќа неговото школување и тренирање.