Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ и сопруг на Јелена Карлеуша се огласи преку својот адвокат Никола Премовиќ.
-Поради последните изјави на Јелена Карлеуша за Душко Тошиќ во претходните денови, а по налог и во име на мојот клиент Душко Тошиќ, принуден сум да објавам јавна објава! Душко Тошиќ е некој кој во текот на целата своја кариера, како почитуван спортист и поранешен репрезентативец, избегнува јавно да се експонира, особено кога станува збор за брачни и семејни работи. Повторуваме дека преговорите за меѓусебниот развод на Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се уште траат, а еден од договорите со адвокатите на Јелена бил токму ниту една страна да не се огласува за брачни и семејни работи, додека преговорите за заеднички развод се во тек. – вели адвокатот
ЈК пак смета дека Душко е никој и ништо без неа.
-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и се уште живееме во иста куќа. Врските се специфични, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не работат. Ова е тажната приказна на секој друг брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред се поради машкото непочитување кон жената, тоа е за жал голема вистина.
Comments are closed for this post.