Незадоволни родители на ученици од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ од Кавадарци споделија видео на кое се гледа како нивните деца на екскурзијата во Франција го туркаат автобусот за да трне. Како што пренесува „Дума“, тие не се задоволни од превозот што скопската ТА „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата.
Сведочат дека проблеми се појавиле на почетокот на патувањето кога во Кавадарци дошле два автобуси, од кои еден, имал технички недостатоци иако поминал технички преглед во Скопје.
Comments are closed for this post.