Македонија и светот побудалеа по новата апликација наречена „Face app“.

Оваа апликација која стана забава во друштво и со која можете да видите како би изгледале во староста може да биде опасна.

Така тврдат ИТ експертите, кои предупредуваат дека не е безбедна и дека може да ви бидат откриени лични податоци.

Посебно се истакнува дека е небезбедна руската верзија на апликацијата за која ФБИ испитува дали се користи за собирање на информации од американските граѓани.