Регионот на Архангелск, на северозападниот дел на Русија, е богат со откритија на скапоцени камења во последниве месеци. Најголемиот дијамант во Европа, реткиот жолт дијамант, со боја на лимон, е откриен во еде рудник заедно со други скапоцени камења.

Дијамантот со тежина од 47,61 карати, откопан денес, стана најновото откритие во еден од најголемите рудници за дијаманти во Русија и светот, рудникот „Гриб“.

„Ексклузивниот кристал“ може да се пофали со висока чистота и вистинската форма, што го прави привлечен за големи накит фирми, според сопственикот на рудникот, „AGD Diamonds“.

Овој дијамант, како и другите скапоцени камења, се оечкува наскоро да бидат испратенина продажба во Антверп, Белгија, каде што се наоѓа еден од најголемите светски квартови кои тргуваат со скапоцени камења.