Богатството на древната Троја на денешната територија на Турција го пронашол германскиот археолог Хајнрих Шлиман. Вредните експонати под чудни околности потоа завршиле во Русија во Државниот музеј за ликовни уметности „А. С. Пушкин“ во Москва.

Но, малкумина знаат што има во ризницата на овој музеј.

Во витрините на музејот има златни женски украси, камени чаши, дијадеми. Посетителите со неверување гледаат во ова богатство кое има непроценлива вредност.