Безбедносната камера на градилиште во Кина снимила неверојатна сцена , кога багерист за малку ќе ја убиел својата шефица.

Жената шетала низ градилиштето додека багеристот товарел песок во камиони. Но во еден момент багеристот , несвесен дека жената е на само неколку метри оддалечена од него , ја собира жената со багерот и песокот и ја товари во камион.

Жената била подоцна спасена и поминала без повреди. На социјалните мрежи во меѓувреме се појавија коментари дали е виновен багеристот или жената која ен внимавала , а имало и такви кои тврделе дека намерно сакал да ја казни шефицата.