Пејачката Јелена Розга е позната по тоа што не сака да се разголува пред камерите, но фановите на друштвените мрежи сепак повремено знае да ги почести со суптилни секси објави. Во тој поглед, на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија која ја прикажува во многу лежерно издание.

Убавата сплиќанка на фотографијата позира облечена во избелени тесни фармерки и лежерна кошула со светло-плави пруги која е раскопчана до струкот. Главата и е лежерно спуштена кон десно разголувајќи го рамето преку кое нежно ја има спуштено косата.

 

View this post on Instagram

 

💙💙 #mojeproljece #jelenarozga

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

Пејачката на објавата не напишала ништо, единствено ставила две сини срца, а нејзините фанови ја почестија со многу лајкови и комплименти.

„Преубава си. За мене најомилената пејачка“, „И Бог ја направи оваа прекрасна, нежна девојка“, „Се чини дека имаш кул ци**и, ни преголеми ни премали, точни за дланка“, „За инфаркт одма“, „Барем да откопчаше уште едно копче“, се само некои од коментарите.