Фризерката на убиената српска пејачка Јелена Марјановиќ открива дека таа имала брак од пеколот и дека сето она што го знаела за нејзиниот брак со сопругот го кажала на Обвинителството.

Зорица Гемовиќ вели дека Зоран бил болно љубоморен и никогаш не ја оставал Јелена сама и секаде одел со неа и оти пејачката не смеела ни да помисли да се разведе.

-Понекогаш ќе ја оставеше и ќе заминеше но и се јавуваше по десет пати за да побрза. Понекогаш ќе дојдеше во салонот и ќе чекаше да завршам. Ќерката секогаш беше со Јелена, колку што знам Јана не сакаше да останува со Зоран. Кога во една прилика ја прашав зошто не се разведе таа ми рече дека Зоран ќе ја убие-раскажува Зорица.