Поради невообичаено високите температури денеска во Зоолошката градина и аквариум во Питсбург откажана е традиционалната Парада на пингвините.

Секоја година Парадата на пингвини почнува на почетокот од декември, но во областа денеска се измерени 10 Целсиузови степени поради што отпочнувањето на Парадата е презакажана за 8 декември.

На интернет-страницата на Зоолошката градина на Питсбург е наведено дека температурата треба да биде под седум степени за да излезат пингвините.

Парадата на пингвините во ЗОО на Питсбург се одржува секој викенд од почетокот на декември до крајот на февруари.