Јарослав Гончаров моментално е најбарана личност на Гугл.Овој 40 годишен Русин ја направи најбараната апликација со која може да видите како ќе изгледате во староста.

Популарниот „Face app“ го збудале светот и сите сакаа да ја имаат на своите мобилни телефони. Тоа на Јарослав му донесе милионска заработка која планира да ја потроши во нови иновативни методи.

Гончаров дипломирал математика и механика на Универзитетот во Сант Петерзбург и вели дека полека почнува да го живее својот сон.

Тој ги убедува дека неговата апликација е безбедна и оти не ги краде личните податоци на корисниците.

Луѓето се уплашија дека ги злоупотребуваме податоците што се разбира не е точно. Нашата политика на приватност е слична како на Инстаграм.Но нив никој не ги обвинува бидејќи тоа е Инстаграм-вели Гончаров.