Тинејџерка која во 1954 ја изгубила чантата во средно училиште во Индијана конечно ќе ја добие назад, како и 65 години старата покана за матурската вечер која била внатре во чантата.
Минатата недела работници во средното училиште „Џеферсонвил“ се подготвувале да срушат дел од училиштето, а некој од нив ја пронашол одамна изгубената чанта која припаѓала на Марти Ини Ингам.
Марта била матурантка во училиштето во 1955 година, а во нејзината чанта бил и новчаникот со лични податоци, неколку фотографии, отсечоци од весник, распоред на кошаркарски натпревари, како и црвен кармин.
Освен тоа, во чантата е пронајдена и писмена порака од момче кое Марта ја прашало дали сака да ја води на матурска вечер.
Драга Марти, слушнав дека Паул веќе те прашал дали сакаш со него на матурска вечер – ако не, би ми било мило јас да те водам. Со љубов, Торчи. П.С: Ако веќе си прифатила да одиш со него на матурска вечер, те молам заборави дека некогаш сум те прашал. Ако те прашал, а се уште не си прифатила, те молам размисли за мојата покана“, пишува во писмото.
Приказната е објавена на Фејсбук, а Марта набрзо е пронајдена. Живее во Флорида и оваа недела би требало да ја добие заборавената чанта.
Comments are closed for this post.