Извлечена победничката комбинација на џекпотот „Мега милион“, најголемата награда во историјата на американската лотарија која изнесува 1,6 милијарди долари, соопштија официјалните лица од лотаријата.
Победничкиот тикет е уплатен во Јужна Каролина, но не е познато каде точно, јавува Асошиејтeд прес.
Среќниот добитник е единствен во 302 милиони луѓе кој ја освои наградата, со уплата на среќниот тикет кој чини два долари.
Лотаријата наведува дека ќе поминат неколку денови, можеби и недели, додека се појави среќникот и ја потврди својата добивка.
Според правилата на лотаријата, победникот може да избере веднаш да му се исплатат 904 милиони долари, или добивката од 1,6 милијарди долари да ги добива на рати следните 29 години.
Во зависност од државата, победниците имаат рок од 180 дена до една година да дојдат и да ја потврдат својата добитна комбинација.
Мега милион се игра во 44 држави во САД, Вашингтон и на Девствените острови.
Во осум држави од вкупниот број во кои се игра лотаријата, победниците имаат право да останат анонимни, но во останатите држава на јавноста и се соопштува кој е добитникот на победничката комбинација.
Comments are closed for this post.