Културно социјалниот простор Подиум-Јадро Кавадарци од 21 до 26ти ги прикажува делата на истакнатиот уметник Игор Јосифов оваа негова изложба наречена “ Words of memory ” завршува со негов перформанс изведен во неговиот резидентен простор na 27-ми септември.
Подиум Јадро е во постојана поддршка во продукција, промоција и афирмација на современите независни културни и уметнички пракси. К.С.П. ПОДИУМ-ЈАДРО е хибридна установа втемелена на модел на јавно-цивилно партнерство кој претставува еден нов модел на симбиоза помеѓу локалната власт и граѓанската мрежа со цел да се овозможи демократизација на културата и обезмоќување на политичките практики и пракси.
Words of memory зборува за комуникацијата, социјализацијата на уметникот за време на корона. Се секавам на сите посетени места, додека живеам во време на пандемија поради Ковид 19. Оваа пандемија ја запознав за време на мојот престој во Дубаи и Шарџа каде реализирав нова колекција со огнена рефлексија и соработка со локални уметници и дизајнери, дел од договорените изложувања на светските острови – шведскиот павиљон во Дубаи се одложи 2 дена пред самото отварање, сите не изненади короната и ја стопира нашата работа По неколку месеци заглавен во Дубаи овде се вратив крај на јуни. Сепак мојот живот се состои од многу патувања надвор од Македонија и сега овде низ ова дело, низ овој перформанс, ја прикажувам внатрешната реакција на оваа ситуација како и потребата, желбата за комуникација и движење
Настанот е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“ на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена поддржан од Министерството за култура.
Игор Јосифов е роден 1986 година во Кавадарци, Македонија. Јосифов ги изложува своите дела и настапи на меѓународно ниво. Во 2012 година, Националниот музеј на современи уметности во Скопје (Македонија) посвети самостојна изложба на уметникот: Игор Јосифов – избрани дела (2007-2012), недолго по неговото учество во Музејот на Модерна уметност во Њујорк во 2010 година и неговата перформанс инсталација 2 – Димензионален е изведена на отварање на Модерното Крило на Рензо Пиано во Институтот за уметност во Чикаго, Мараја Центарот за уметност во Шарџа ОАЕ, Културниот центар Онасис во Атина, Cite de la Mode во Париз, Ле Quatrz во Брест и Абронс Арт Центар во Њујорк. Јосифов е познат по разновидноста на неговите мултимедијални дела и начинот на кој го користи телото за да ги сподели своите ставови и пораки за нашиот современ свет. Во својата улога како артист на уметноста, тој се базира на сите видови на медиуми за да ги создаде своите изведби.
Comments are closed for this post.