Јајцето, светски рекордер на Инстаграм со 52 милиони лајкови, се скрши, но во името на почнување кампања за подигање на свеста за психичкото здравје на корисниците на социјалните мрежи, место каде што една најобична снимка може да го обиколи светот и да предизвика огромно внимание.

Акаунтот „@world_record_egg“ првично беше направен со цел да ги предизвика и збавува корисниците. Сепак, неговите автори одлучија да ја искористат стекнатата популарност за да го  насочат вниманието кон тоа како се одразуваат големите онлајн платформи на нашата психа.