Вкупно 255 актери, режисери, драматурзи, ликовни уметници, композитори, продуценти, архитекти, културни менаџери се потписници на иницијативата „Фис-култура или култура“ и бараат од министерката за култура Ирена Стефоска на раководните позиции во институциите да бидат поставени компетентни лица, а политиката да се меша при нивниот избор.
Меѓу потписниците се актерите Сања Арсовска, Зоран Љутков, Рубенс Муратовски, Роберт Велјановски, Билјана Драгичевиќ Пројковска, Борче Начев, Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ, режисерите Нела Витошевиќ, Васил Христов, Нина Николиќ, Андреј Цветановски, Никола Ристов, Наташа Поплавска, Игор Ивковиќ, Синиша Евтимов, продуцентите Дарко Попов, Катерина Бенинова, ликовните уметници Ненад Тонкин, Јана Јакимовска, кореогарфката Рисима Рисимкин, продуцентката и куратор Билјана Тануровска Ќулафковски и многу други.
Оваа иницијатива произлегува од незадоволството од конечниот избор за раководител со културната установа НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.
Иницијативата „Фис-култура или култура“, има за цел да праша за актуелните состојби во културата во врска со поставување на некомпетентни кадри на раководни позиции на културните институции во државата. Со ова иницијатива сакаме да дигнеме глас и да покажеме дека културата е еден од битните општествени фактори кои влијаат на квалитетот на живеење и оформување на човечкото битие. И најважно е конечно да се стави крај на партократското владеење со културата, со јавните добра, меѓу кои и културните институции, и да се даде предност со нив да раководат оние, кои се образувале, знаат и умеат!, велат од Иницијативата.
Тие прашуваат до кога некомпетентни кадри ќе се ставаат на раководни позиции на културни институции?
До кога ќе се вадиме на формално – правно издржани конкурси, каде квази читања на критериумите ја регулираат културата? До кога истите критериуми се читаат на еден начин за едни, а на сосема друг за други? До кога ќе треба да повторуваме дека културата не е бројка, или мерливи формално-правно издржани резултати и партиска играрна, туку место на градење на квалитет и компетенција? До кога вака, ние културните работници ќе бидеме понижувани, обесправени и дискриминирани? До кога ќе има партизација во културата? До кога релевантното образование од областа на културата и уметноста нема да се вреднува, и нема да биде важно во одлуките на кого да се додели можноста да раководи со некоја институција во културата, велат оттаму.
Од иницијативата прашуваат до кога искуството на некој кандидат во областа на културата и неговиот придонес во развојот на културата и културната заедница не е доволен доказ и не е вреднуван како приоритетен критериум за некој да раководи со културна институција.
Почитувана министерке, комисијо, односно Министерство за култура, вие кои одлучувате за тоа дали некој „треба“ или „не треба“ да седне на раководно место и да управува со културна институција, треба да ви биде јасно дека: Културата припаша на културните работници. Зошто постојат сите образовни институции во светот, низ државата, во регионот, кои ја изучуваат уметноста, културата, културните политики, менаџирањето со културата и уметноста итн.? Ако сметате дека тие не се потребни, тогаш ќе дозволите нашите институции да ги раководат неадекватни кадри. Ако сметате дека се потребни, тогаш ќе ја прекинете засекогаш партизацијата во културата и ќе престанете да се криете позади таканаречените формално-правни критериуми за кои немате квалитативно покритие, велат во соопштението од Иницијативата.
Од министерката Стефоска бараат шанса да покажат што знаат и умеат, додавајќи дека културните институции се во многу лоша состојба и дека им е потребно препродорување.
До кога партиските штабови и таканаречените кадровски комисии во партиите ќе одлучуваат за тоа, кој да биде директор на културна установа и ќе решаваат човечки судбини? Ова Министерство за култура треба да стави клуч доколку одлучува против културните работници, или дозволува друг да одлучува за културните политики во државата! Почитувана Министерке за култура, конечно треба да ставите крај на диктирани партиски решенија за поставување директори на културни институции и да кажете не на сите партиски притисоци. Почитувана Министерке, не може и не смее еден човек со завршено физичко образование, со ниту еден ден стаж во областа на културата, со ниту едно присуство на културен настан, тотален анонимус во културата, да поседува стручни и други квалитети за развој на установата како што сте напишале во вашето РЕШЕНИЕ. Додека кандидат со мастер студии на УНЕСКО катедрата за културен менаџмент и културни политики стекнати на Универзитетот на Уметностите во Белград, да го третирате како неадекватен, велат од Иницијативата.
Тие прашуваат како е можно кандидат со светски призната диплома за културен менаџмент и десетгодишно искуство во областа на културата со напишани и имплементирани над 30 проекти од различни европски и светски фондации, да биде одбиен со едно штуро објаснување дека немал комплетна докуменетација т.е. дека му недостасувал доказ за меѓународно признат сертификат за активно познавање на англиски јазик, а има завршено магистерски студии на англиски и француски јазик?
А, за да биде уште полошо, за третиот кандидат сте напишале дека не поседува доказ дека е познат во јавноста како јавен, општествен и културен работник и дека нема доказ за минимум пет години работен стаж од областа на културата или пет години работно искуство на работа или проекти во областа на културата, врз основа на склучени договори за дело, иако кандидатот е вработен во државна институција, која е под ваша надлежност и со која вие раководите, со реализирани стотина улоги во театарски проекти, во истата.
Сте поставиле безброј директори без тој меѓународен сертификат за познавање на странски јазик со дадена шанса во рок од шест месеци да ви го достават истиот. Сакаме да знаеме што било одлучувачко во овој случај и зошто не сте ја зеле во предвид целосната стручност на другите двајца кандидати? Или, зошто токму сега критериумите за едните важат, за други не?!Министерке за култура, ве повикуваме да го поништите конкурсот, изборете се за квалитативни критериуми и дајте им шанса на тие што можат, знаат и треба да раководат со културата. Вратете ги институциите на културните работници!
Иницијативата е потпишана од:
1. Стојан Трн Велков – актер
2. Митко Бојаџиски – драмски писател
3. З.Г. Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата- Скопје
4. Никола Пијанманов – ликовен уметник
5. Билјана Тануровска Ќулавковски – продуцент и куратор
6. Сања Арсовска – актерка
7. Рисима Рисимкин – кореограф
8. Културен Центар – Интерартс
9. Јасмина Василева –актерка
10. Виолета Качакова – менаџер во култура
11. Благој Мицевски – костимограф
12. Срѓан Јанакиевиќ – режисер
13. Јасмина Билаловиќ – актерка и менаџер во култура
14. Здружение на уметници „Културен Центар Медиа Артес“ од Охрид
15. Културено-социјален простор Центар – Јадро
16. АИКА Македонија
17. Здружение на уметници Македонски центар ИТИ-Продукција – Скопје
18. Иванка Апостолова – ликовен антрополог
19. Љупка Галацка Василев – уметница
20. Кумјана Новакова – кураторка
21. Ниче Василев – ликовен уметник
22. Ванчо Василев – актер и костимограф
23. Јадро – Асоцијација на независната културна сцена
24. Јасмина Вучкова – актерка
25. Јулија Милкова- актерка
26. Коста Ангов – дипломан актер
27. Дејан Ангелов – театарски режисер
28. Горан Ников – актер
29. Ангелина Тренчева Ангелова – актерка
30. Кољо Черкезов – актер
31. Урош Велковиќ – ликовен уметник и музичар
32. Ацо Гогов – драмутург
33. Драгана Таневска – режисер
34. Васко Јолески – самостоен препаратор НУ Музеј „Никола Незлобински“ – Струга
35. Тања Мицков – актер
36. Анкица Бенинова – актерка
37. Иницијатива – Култура насловна страна на секое општество
38. Ивица Димитриевиќ – актер
39. Игор Тодоров – актер
40. Ставро Ангелаков – музичар
41. Верица Арапова – архитект
42. Драги Кискин – музичар
43. Нела Витошевиќ – режисерка
44. Александра Михајловска – актер
45. Антонио Димитревски – актер
46. Благица Димитровска – актер
47. Матеј Стојковски – актер
48. Васил Михајлов – актер
49. Ангела Стојановска – актер
50. Теоман Маскут – актер
51. Мишо Димитевски – актер
52. Јовче Пандев – музичар
53. Ивана Ангова – ликовен уметник
54. Васка Ангелова – студент по актерска игра
55. Соња Настовска – ликовен уметник
56. Саше Урдовски – актер
57. Васил Христов – режисер
58. Ѓурѓица Костадинова – книжевник
59. Столе Велков – музичар
60. Тина Русева – музичар
61. Андреј Цветановски – режисер
62. Сања Русеска – актерка
63. Даниела Стоилкова – ликовен уметник
64. Елена Моше – актер
65. Александра Пешевска – актерка
66. Анѓелка Нашкова – актерка
67. Пеце Ристевски – актер
68. Марија Манчева Андонов – актерка
69. Елена Шорова Дербов – актерка
70. Милорад Ангелов – актер
71. Никола Ристов – режисер
72. Гоце Павловски – археолог
73. Наташа Поплавска – режисерка
74. Роберт Велјановски- актер
75. Танкица Стојанова – актерка
76. Јулијана Мирчевска – актерка
77. Ивица Цонев – актер
78. Руиш Беговска – актерка
79. Никола Пројчевски – актер
80. Кристина Тодоровска Петреска – филолог по компаративна книжевност, работник во културата
81. Здружение „Инка“ – Струга
82. Здружение за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен“
83. Игор Ивковиќ – режисер
84. Наташа Наумовска – актерка
85. Миленковски Михајло – актер
86. Димитар Ѓоргиевски – актер
87. Викторија Степановска – актерка
88. Мики Анчевски – актер
89. Дарија Андовска – композиторка
90. Михаил Велков – студент по актерска игра
91. Перо Даниловски – режисер
92. Марија Трпевска – ликовен уметник
93. Кети Дончевска Илиќ – актерка
94. Давид Илиќ – актер
95. Драгана Костадинова – актерка
96. Ангела Наумовска – актерка
97. Наташа Ачански – актерка
98. Тања Арсова – режисер
99. Наќе Батев – фотограф
100. Коста Батев – ликовен уметник
101. Киор Батев – ликовен уметник
102. Ана Батева – театарски режисер
103. Ѓорги Ризевски – режисер
104. Игор Трпчевски Трпе – актер
105. Билјана Радиновска – драматург/режисер
106. Димитар Мијов – фотограф
107. Стојна Стамболџиска – актерка
108. Китанов Коле – актер и режисер за куклен театар
109. Синиша Кашавелски – ликовен уметник
110. Софија Ристевска Петрушева – режисер
111. ЗГ Интимен Театар Битола
112. Валентин Дамчевски – културен менаџер
113. Марија Петреска – актерка
114. Кирил Василев – скулптор
115. Емил Петров – визуелен уметник
116. Катерина Шектанска – актер
117. Борис Врлјановски – светло мајстор
118. Дарко Попов – продуцент
119. Миле Вратеовски – актер
120. Никица Јанковски – актер
121. Симона Тоскиќ – продуцент/драматург
122. Сашо Костоски – драматург
123. Владанка Димковска – актерка
124. Ефтим Трајчов – актер
125. Александар Копања – актер
126. Петар Стојанов – актер
127. Гораст Цветковски – актер
128. Митко Гогов – поет
129. Емилија Мицевска Трајковиќ – актерка
130. ЗГ за промоција на женската активност Тииит! Инк.- Скопје
131. Кристина Леловац – актерка и вон.проф. на УКИМ ФДУ
132. Васил Христов – режисер
133. Драгана Левенска – актерка
134. Ивана Павлаковиќ – актерка
135. Бранко Бенинов – актер
136. Катерина Бенинова – режисер/продуцент
137. Кирил Трајковски – актер
138. ЗГ за едукација и развој „Видливост“ – Струмица
139. Анастас Тановски – актер
140. Билјана Драгичевиќ Пројковска – актерка
141. Душица Стојановска Настовска – актерка
142. Трајанка Илиева
143. Борче Начев – актер
144. Зоран Љутков – актер
145. Златко Митрески – актер
146. Соња Михајлова – актерка
147. Никола Наковски – актер
148. Ирена Стеријовска – режисерка
149. Милош Андоновски – режисер
150. Биљана Тодоровска – драматург
151. Сара Феро – продуцент
152. Тинка Ристеска – актер
153. Илиденка Петрушевска – филмски критичар
154. Здружение за култура и уметност „Сцена“
155. Никола Настески – актер
156. Силвана Блажевска – археолог
157. Јана Јакимовска – ликовна уметница
158. Маја Дреца Ристески – режисер
159. Ненад Тонкин – ликовен уметник
160. Петар Горко – актер
161. Владо Дојчиновски – актер
162. Нина Максимова – актерка
163. Кристина Гицева – актер
164. Магдалена Саздовска – ликовен уметник
165. Александра Кочовска Начева – кореограф
166. Томислав Таневски – универзитетски професор
167. Дарко Елек – директор на фотографија
168. Димитар Сеизов – режисер
169. Марко Дојоски – актер
170. Береда Решит – актер
171. Елизабета Клинчаревска – Малденовска – актерка
172. Маја Андреевска сценарист
173. Филип Поповски – снимател
174. М-р Зорица Чинго – филмски и тв режисер
175. Габриела Коцева Тулиев – драматург
176. Владимир Тулиев – актер
177. Крстина Атанасова Арсова – актерка
178. Валентина Грамосли – актерка
179. Васко Гогов – музичар
180. Ване Костуранов – сликар
181. Елка Улчар – лингвист
182. Кети Борисовска – актерка
183. Славиша Георѓиев – актер
184. Жарко Спасовски – актер
185. Филип Коруновски – актер
186. Самоил Стојановски – актер
187. Симона Димковска – актерка
188. Зорица П. Панчиќ – актерка
189. Ненад Витанов – актер
190. Благојчо Стојанов – актер
191. Славица Манаскова – актерка
192. Катерина Момева – драматург
193. Марјан Георгиески – актер
194. Д-р Александра Папазовска –археолог
195. Крсто Јовановски – актер
196. Катерина Аневска – актерка
197. Драгана Милошевска – режисер
198. Јани Бојаџи – режисер
199. Стрезо Стаматовски – актер
200. Венцислав Ристов – режисер
201. Никола Сарајлија – драматург
202. д-р Ана Стојановска – писателка и професор на ФДУ
203. Александар Степанулески – актер
204. Димитрија Доксевски – актер
205. Филип Трајковиќ – актер
206. Игор Георгиев – актер
207. Гордана Ендровска – актер
208. Јана Стојановска – актер
209. Стефан Вујисиќ – актер
210. Рубенс Муратовски – актер
211. Софија Насевска Трифуновска – актер
212. Виолета Танчева Златева – писателка
213. Никола Тодоровски – актер
214. Андријана Билаловиќ Тодоровска – актерка
215. Филип Кипровски – актер
216. Филип Ангеличин Жура – испициент
217. Селпин Керим – актер
218. Билјана Крајчевска – драматург
219. Јован Ристовски – режисер
220. Ана Стојановска – актерка
221. Синиша Ефтимов – режисер
222. Јана Лефкова – актерка
223. Хана Миленковска – режисерка
224. Мартин Јорданоски – актер
225. Перо Сарџоски – поет, музичар
226. Александра Бошковска – актер
227. Лазе Манасковски – актер
228. Марија Кондовска – актер
229. Предраг Пацловски – актер
230. Иванка Ниневска Батев– ликовен уметник
231. Огнен Дранговски – актер
232. Петар Спировски – актер
233. Валентин Светозарев – сценограф
234. Нина Николиќ – режисер
235. Минговски Мартин – актер
236. Мирослав Петковиќ – актер
237. Марија Спирковска Илојоска – актер
238. Александар Тодевски – актер
239. Зоја Бузалковска – режисер
240. Андреј Георгиевски – костимограф
241. Дејан Лилиќ- актер
242. Далибор Плечиќ – книжевен критичар, писател
243. Даниела Ивановска – актерка
244. Тања Кочовска Павловска – актерка
245. Зоран Ивановски – актер
246. Мартин Кочовски – режисер
247. Емилија Петрова – актерка
248. Благица Трпковска – актерка
249. Горѓи Јолевски – актер
250. Ице Виранов – филмски режисер
251. Гоце Ристовски – писател
252. Марија Новак – актерка
253. Борче Грозданов – театарски критичар и уредник
254. Катерина Грозданова – театарски критичар
255. Златко Кованцалиев – археолог
Comments are closed for this post.