Имунологот Жан Франсоа Делфреси, претседателот на Научниот совет за коронавирусот во Франција, ги охрабри Французите да бидат трпеливи, предупредувајќи дека ќе мора да живеат со вирусот до следното лето, јави дописникот на МИА.

Сите мора да разбереме дека започнавме со среднорочна и долгорочна визија со овој вирус. Тоа е да се каже дека не е во прашање само септември 2020 година, тоа е цела зима 2020, пролетта 2021 година. Тоа ќе трае, рече тој во интервјуто за БФМТВ.

Според него, на сите ни претстојат шест тешки месеци.

Но со кои можеме да живееме, јас сум оптимист, од моментот кога ќе им дадеме долгорочна визија на Французите. Мораме да научиме да живееме со вирусот до следното лето, рече тој.

За Делфреси, вирусот „ќе биде тука извесно време“ пред да „се намали“ од следната пролет. Во меѓувреме, „се е потребно за да се избегне повторно локално ограничување, но ако во одредени периоди е потребно, тоа ќе мора да се направи“, процени докторот.

-Ако во одредени периоди треба да донесете одлука за нешто, како полициски час, на пример, тоа ќе мора да се направи, нагласи тој.

Научниот совет и дава совети на владата, но исто така тој е критикуван за неговата тежина во донесените политички одлуки поврзани со здравствената криза. Соочен со критики за премногу ограничувачките мерки, Делфреси ја бранеше нивната важност и ја спореди стратегијата на владата со „тенџере за експресно варење“.

Четири нови француски градови се во максимална готовност, во сите болници во Ил-де-Франс е зајакнат „белиот план“ за справување со потенцијалниот „многу силен бран“ на нови пациенти, додека состојбата со епидемијата продолжува да се влошува во Франција.