Пилотот Вилијам Чендлер, кој повеќе од 20 години управува авиони без дозвола, бил откриен дури неодамна, кога минувајќи низ швајцарскиот воздушен простор извел некои невообичаени маневри.

Како што се наведува, за време на летот од Јужна Африка до Германија, тој извел невообичаени маневри на небото. Toj се товари за измама, откако со години лажно тврдел дека е пилот.

ужноафрикански „Мејл и Гардијан“ пренел дека инцидентот се случил за време на летот СА206 во ноември минатата година, од меѓународниот аеродром „ОР Тамбо“ до Франкфурт, Германија и бил забележан во швајцарскиот воздушен простор.

Како што пишува британски „Мирор“, Чендлер во текот на целата своја кариера, летал со лажни документи, се додека јужноафриканската авиокомпанија му ја одзела пилотската лиценца