По примерот на Јапонија, во еден словенечки хотел, наместо соби, можете да пресипете во капсули.

И покрај тоа што ваквиот вид на сместување во понудата ќе биде од крајот на март, според кажувањата на директорот на хотелот, повеќето од капсулите веќе се резевирани до крајот на април.

За разлика од стндардната соба за која ќе морате да издвоите околу 140 евра, за преспивање во овие капсули ќе платите 30 евра“, вели директорот на хотелот Матеј Руделник кој додава дека откако во 2004 земјата станала членка на Европската униија, бројот на туристи постојано се зголемува.

Минатата година бројот на странски туристи кои преноќиле во Словенија пораснал за 15,4 отсто, а како што се наведува, најмногу посети имало од туристи од Германија, Италија, Австрија, Холандија и Хрватска.

„Капсулите“ како што се наведува, развиени се во Јапонија како начин за сместуање на патници со понизок буџет, но со текот на годините станале популарно искуство, па со самото тоа и хотелиерите го смениле целиот концепт со што на денешните капсули не им недостасува луксуз.