Еден од нашите најуспешни композитори Григор Копров преку објава на Фејсбук и се извини на Србија што нивната песна на Евросонг не доби ниту еден поен од Македонија. Според него, причина за тоа е што нашата комисија наместо од најеминентни автори била составена од анонимуси.

Жири комисија на ваква голема меѓународна манифестација се составува од најеминентните автори, како што впрочем го прават сите други држави, а не анонимуси, како што беше во нашиот случај – напиша композиторот.