Светлана Ражњатовиќ – Цеца не ја крие возбудата и радоста по повод свадбата на својот првенец, која ќе се случи за неколку месеци. Свадбата ќе биде традиционална.

По примерот на својот татко Аркан, Вељко ќе замине во родното место на својата вереница Богдана Родиќ, поточно во Тител. Ќе стрела во јаболко и ќе ги испочитува сите останати српски традиционални обичаи.

Свадбата на Цеца и Аркан важеше за свадба на векот (1995)

Потоа младенците, сватовите и роднините од страна на невестата ќе се упатат кон Белград, каде ќе ги дочека Цеца и каде ќе се одржи венчавката.

Ова ќе биде најголема веселба во семејството Ражњатовиќ, по свадбата на Цеца и Аркан. Цеца не крие дека веќе започнала да се подготвува и дека ќе го „одврзе ќесето“.