Еден од кандидатите на престојните избори за претседател на САД, Пит Бутиџиг не само што може да стане најмладиот претседател во историјата на земјата, туку и првиот претседател кој отворено признал дека е хомосексуалец, а тој верува дека не би бил првиот геј претседател.

Бутиџиг, 37 годишен градоначалник на Јужен Бенд, Индијана, излезе дека е геј во 2015, пред да биде избран по втор пат за градоначалник. Тој сега е венчан за Частен Глезман наставник во средно училиште, кој би можело да стане прв господин доколку Бутиџиг победи во изборот.

Тој во интервју за телевизискиот канал „HBO“, прашан за критиките дека е „премлад, премногу либерален и премногу геј“ за да биде прв човек на државата, одговорил дека ќе објасни каде сака да ја води државата, пренесува СиБиЕс Њуз.

„Луѓето ќе изберат личност кој ќе биде најдобар претседател. И имавме одлични претседатели кои биле млади, имавме одлични претседатели кои биле либерални. Претпоставувам дека веројатно сме имале и одлични претседатели кои биле геј – само не знаеме кој од нив“, одговори Бутиџиг.

Тој тврди дека „статистички е речиси сигурно“ дека имало геј претседател порано и додава дека „се разбира, тие не беа отворено хомосексуалци, бидејќи речиси секој претседател, освен двајца, биле венчани со жени.