Австралиската актерка и продуцентка, Марго Роби, на социјалните мрежи слики од најновата спектакуларна фотосесија за септмевриското издание на „Вог Австралија“, но тоа што предизвика најголемо внимание кај фановите е резултатот од употребата на Фотошоп на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

Vogue Australia 🖤

A post shared by @ margotrobbie on

Станува збор за фотографии на кои доминира естетика во црно-бело, каде што актерката ја покажува својата тенка става и гледа во камерата со мистериозен поглед.

Сепак, како што забележаа фановите во нивните коментари, меѓу фотографиите најмногу се истакнува таа на која се чини дека левата нога на Роби целосно исчезнала од нејзинотo тело.

 

View this post on Instagram

 

Vogue Australia 🖤

A post shared by @ margotrobbie on

Иако, кога добро ќе се разгледа сликата, може да се заклучи дека оптичкиот феномен се случува поради аголот и позата што ја има актерката, во која ногата и е подигната на тој начин што е затскриена зад телото, секако дека фотграфија остава многу простор за различни заклучоци.