Со добро препознатливите песни изведени со различен, акустичен аранжман, Ареа понуди времеплов низ својата 30-годишна музичка кариера.
Во салата на Филхармонија присутните уживаа, во старите добро препознатливи хитови, но и во песните од последниот албум на бендот кој веќе три децении е при врвот на македонската музичка сцена. Музичарите и особено фронтменката Ружица Милошеска–Брчиоска, со публиката остварија симбиоза на емоции и едноставно се најдоа на иста фреквенција на љубов едни за други.
Специфично за овој концерт беше суптилноста и специфичната арома што ги внесоа четирите девојки од Филхармонијата, две на виолина и две на виолочело, во разиграниот, на моменти моќен ритам карактеристичен за Ареа и нејзината музика.
Атмосферата што Ареа ја направи во салата не можеше, а да не ги обземе присутните, кои во целост им се препуштија на нотите и со прекрасно ѕвездено небо од мобилните телефони ја трогнаа Ружица, која не остана должна и искрено се заблагодари за поддршката и топлината што го исполни просторот. Со таквата размена на чувства публиката и бендот искрено си покажаа колку си значат едни на други.
Не изостанаа ниту ниту најмладите, кои на Ружица и подарија цвеќе и пораки, а за возврат добија прегратки, со што само се заокружи пријателската атмосфера на концертот од кој сите присутни подолго време во себе ќе задржат слики на радост и пријатност од дожиеваното музичко искуство.
Comments are closed for this post.