Конечно еден автомобил кој легално може да се вози по јавните сообраќајници ја надмина магичната бројка од 300 милји на час (482,8км/ч).

Иако сите очекуваа дека психолошката гранца ќе ја пробие некое Бугати, Хенеси или Коенигсег, тоа го направи Форд ГТ од 2006 година.

Овој Форд ГТ од 2006 располага со близу 2.500 коњски сили

Автомобилот кој го постави новиот рекорд е значително модификуван во однос на сериската верзија, но сепак станува збор за возило кое и понатаму секојдневно може да се вози по јавните патишта.

Рекордот е забележан на 24 март на регионалниот аеродром Викторија во Тексас, а набилданиот Форд ГТ успеал да развие максимална брзина од 300,4 милји на час (483,44км/ч) и тоа по поминати помалку од една милја (1,61км) од стартот.

Инжинерите од тимот открија дека по обемните модификации на оригиналниот 5,4 В8 мотор, овој Форд ГТ од 2006 располага со близу 2.500 коњски сили, додека на асфалтот преку тркалата успеал да пренесе околу 2000 коњски сили.