Поранешната г-ѓа Безос стана четврта најбогата жена во светот со 35,6 милијарди долари. Откако заврши разводот, основачот и главен извршен директор на (Amazon.com Inc) Џеф Безос ќе задржи 75% од заедничките акции во компанијата, се наведува во официјалното соопштение.

Треба да се има предвид дека со  25% од акциите во Амазон што  сега ги поседува  Мекензи, таа сега автоматски е  четвртата најбогата жена во светот со  35,6 милијарди долари.

Сепак, Џеф Безос останува најбогат човек на планетава, а најголем акционер  во Амазон.

Веќе поранешна сопруга на американскиот милијардер, исто така, рече дека е “благодарна” дека разводот е  конечно завршен.