Филхармонија ќе одржи концерт в четврток во 20 часот насловен „Бетовен #3“ на кој како солисти ќе настапат тројца исклучителни музичари – Емир Имеров- виолина (Германија), Александар Кагановски- виолончело (Швајцарија) и Ваг Папијан-пијано (Израел), со изведба на Концерт за виолина, пијано, виолончело и оркестар оп.56 од Бетовен. Диригент е Конрад ван Алфен од Холадија, а на програмата е и Серенада за дувачки оркестар од Антонин Дворжак.

Концертот за виолина, виолончело и пијано во С-дур, оп.56, познат како Троен концерт, Л.В.Бетовен (1770-1827) го напишал во 1803 година. Изборот на инструменти всушност формално го прави пијано трио и тој е едниствниот концерт кој Бетовен го напишал за повеќе од еден инструмент. Музиколозите го дефининираат како помалку брилијатен „брат“ на другите дела кои ги создал во истиот период – операта „Фиделио“, Четвртиот пијано концерт, Виолинскиот концерт и Четвртата симфонија.

Емир Имеров (Скопје, 1975) ја добива прва награда на виолински натпревар на 12 години. Во 1991 година се сели во Германија, каде продолжува да учи виолина во музичкото училиште во Менхенгладбах, а потоа студира на Музичката академија во Вурцбург во класата на Г. Зислин каде што дипломира во 2000 година.

Александар Кагановски е роден во Киев, Украина. Во 1985 година ја добива првата награда на натпревар во Израел, и од тогаш е член на Ираелскиот гудачки квартет. Од 1998 година Александар Кагановски живее во Швајцарија. Настапувал како солист на бројни фестивали во австрија, Италија, Чешка, Швајцарија, Норвешка, Русија, Франција, Германија… Како солист настапувал со оркестри во Германија, Франција, Израел, Италија, Луксембург, Белгија, Холандија, Шпанија, Чешка, Русија…

Интернационалната кариера на Ваг Папијан како пијанист почнува во 1979 година откако ја добива првата награда на натпреварот во Лисабон. Во 1984 година Валери Гергиев го кани да стане диригхент на Ерменскиот филхармониски оркестар, каде што три години подоцна ќе стане уметнички директор и шеф диригент. Како диригент работел со речиси сите водечки симфониски оркестри, а исто така продолжува да настапува и како концертен пијанист. Како пијанист настапувал во Базел, Барселона, Женева, Торонто, Отава, Њујорк, како и во Јужна Америка и на Далечниот исток. Диригирал со Новата јапонска филхармонија, Израелскиот камерен оркестар, Израелската филхармонија. Како рецитален партнер на Максим Венгеров, Папијан свирел во Европа, САД и Далечниот Исток…