Многу познати двојки од светот на филмот, музиката или спортот ја прекинале својата љубов поради афера со некој член на послугата, најчесто со дадилката. Ова се некои од најпознатите џет-сет парови, чијшто брак бил во криза предизвикана од неверство.
Дејвид и Викторија Бекам
Во 2003 година личната асистентка на Дејвид Бекам, Ребека Лус, обелодени дека имала авантура со фудбалерот, кој тогаш настапуваше за Реал Мадрид. Поради таа афера бракот на Дејвид со Викторија ги имаше своите натешки моменти.
Сепак, тие двајца ги надминаа проблемите, а Викторија подоцна изјави дека таа криза и помогнала да ја зацврсти својата врска со Дејвид.
Мик Џегер и Џери Хол
По повеќе од 20 години заедно, Мик Џегер и Џери Хол одлучија да стават крај на својот брак поради постојаните шпекулации за неверствата на музичарот. Во 2007 година, бебиситерката на нивните деца, Клер Верита, тврдеше дека била во врска со Мик во во деведесеттите години.
Таа афера, сепак, не беше причина Џери да го прекине бракот со Мик, што конечно се случи по информациите за аферата на Мик со Карла Бруни.
Мислев дека Мик Џегер еден ден ќе созрее. Очигледно бев премногу оптимистична“ – изјави Холи кратко по разводот.
Хајди Клум и Сил
Супермоделот Хајди Клум и пејачот Сил беа една од најпознатите џет-сет двоји во свое време. Сепак, во нивниот случај беббиситерката не беше причина за раскинувањето, туку тоа беше телохранителот, Мартин Кирстен.
Германката се разведе со пејачот по што, иако тврдеше дека ја прекинала врската со Кирстен по разводот, Кирстен подолго време продолжи да работи за неа.
Арнолд Шварценегер и Мариа Шривер
По повеќе од 30 години заедно во кои имаа четири деца, Мaриа Шривер дозна дека Арнолд Шванценегер има син со семејната бебиситерка, Милдред Патрисиа Баена, на која и плаќа алиментација.
Итан Хоук и Ума Турман
За Итан Хоук, романтичната врска со Рајан Шохјуз беше нешто повеќе од обична афера. Кога ја почна врската со Итан, Шохјуз беше бејбиситерка на неговите две деца со Ума, но по разводот на актерите, стана негова сопруга и со него има две деца.
Робин Вилијамс и Валери Веларди
Дваесет години брак меѓу Робин Вилијамс и Валери Веларди пропаднаа по романсата што актерот ја имаше со бебиситерката, Марша Гарсес.
По разводот на двојката, Вилијамс се ожени со Гарсес, имаа две деца по што се разделија во 2008 година.
Бен Афлек и Џенифер Лопез
Неверството на Бен Афлек со Кристина Узуниан, која во тој момент беше бебиситерка на двојката, стави крај на 10-годишната врска на актерот со Џенифер Лопез.
И покрај тоа, Узуниан се закани дека ќе ја тужи поранешната сопруга на Афлек поради бесправен отказ.
Џад Лоу и Сиена Милер
Џад Лоу и Сиена Милер беа заедно шест години и се подготвуваа за свадбате на една од најпознатите двојки во Холивуд.
Сепак, нивната врска заврши кога едно од децата на Џад од бракот со Сејди Фрост, и откри на Сиена дека го видел својот татко во кревет со неговата бебиситерка, Дејзи Рајт.
Comments are closed for this post.