Претставата „Орестија 1/4“ чија премиера се случи на 28 октомври 2020 е дел од The Chorus Project – проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.
Во среда започнува дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, каде што за прв пат на исто место ќе може да ги погледнете сите четири делови на „Орестија“, придружени со разговори и презентации на членови од креативните тимови од Скопје, Минхен, Лондон и Грац.
Тоа што требаше да значи конечно спојување на сите делови на претставата во едно големо патувачко друштво, ќе го гледаме адаптирано и сместено во виртуелниот простор на дигиталниот фестивал „Democracy 2.0“, организиран од партнерите Pathos од Минхен.
Новата македонска дигитална верзија на „Орестија 1/4“ може да ја погледнете на програмата на овој фестивал на 18 февруари (четврток) во 20 часот.
Повеќе информации за редоследот на адаптираните дигитални претстави, презентациите и разговорите на следниот линк: https://www.facebook.com/events/3631996813595518/