„Гала оперски концерт“ е насловена претставата во Македонска опера и балет, која ќе се одржи во петок на 19 февруари, во 20 часот. Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат Ристе Велков – баритон, Билјана Јосифов – сопран, Драган Ампов – баритон, Злата Тошевска – сопран, Ана Ројдева – сопран, во придружба на оркестарот на МОБ.

Ќе се изведат арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џакомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и други.