Рускиот земјоделец Василиј Камоцки уште еднаш ја демонстрираше силата на својот удар. Откако во март годинава стана шампион во удирање шамари, на првото одржано светско првенство, сега само покажа дека не ја загубил формата.

Камоцки успеа со еден удар да распрсне цела лубеница, а видеото стана хит на социјалните мрежи.